Силно невреме ја погоди денеска поплане цела Србија, а на социјалните мрежи кружат драматични снимки на кои се гледа како силниот ветер крева покриви, порои што се излеваат по улиците, дрвја што паѓаат по патиштата и луѓе што се обидуваат да стигнат на безбедно.
Републичкиот хидрометеоролошки завод (RHMZ) на Србија претходно издаде серија вонредни предупредувања за интензивни врнежи од дожд со грмотевици и град.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Српското МВР соопшти дека поради лошите временски услови и обилни врнежи од дожд што предизвикаа голема количина вода на коловозот, на автопатот Белград – Ниш, од Пожаревац до Велика Плана, сообраќајот моментално се одвива забавено во двата правци.
Патроли на сообраќајната полиција се на лице место за регулирање на сообраќајот, како и надлежната служба на Јавното претпријатие „Патишта на Србија“ која презема мерки за чистење на коловозот.