петок, октомври 2, 2026
Дома БАЛКАН УЖАС ВО СРБИЈА: Делови од тело на жена се пронајдени во замрзнувач...

УЖАС ВО СРБИЈА: Делови од тело на жена се пронајдени во замрзнувач во семејна куќа

1
EPA/EDVARD MOLNAR

Вчера попладне, во местото Куман, општина Нови Бечеј, Србија, било пронајдено телото на жената С. С. во семејната куќа во која живеела со својот син М. С. Според неофицијални информации, обдукцијата ќе покаже дали жената починала од глад предизвикан од нејзиниот син или, пак, ѝ биле нанесени смртоносни повреди.

Она што е речиси сигурно е дека надлежните органи пронашле делови од нејзиното тело во замрзнувачот во куќата во која живеела со синот, поради што тој веднаш бил приведен и испратен во психијатриска установа.

По налог на Вишото јавно обвинителство во Зрењанин, телото на починатата е испратено на обдукција во Институтот за судска медицина во Нови Сад, а полицијата го очекува извештајот за да утврди дали постојат елементи на кривично дело, односно дали жената била убиена или починала од природна смрт.

„Се испитува дали синот намерно ја изгладнувал и дали жената починала уште пред извесно време. Исто така, се испитува дали евентуално ѝ нанел смртоносни повреди. Она што е сигурно е дека делови од нејзиното тело биле пронајдени во замрзнувачот“, вели извор близок до случајот.

За понатамошните чекори во постапката Вишото јавно обвинителство ќе одлучи по завршувањето на обдукцијата и извештајот кој треба прецизно да ги утврди времето и причината за смртта на несреќната жена.

ИЗДВОЕНИ