петок, октомври 2, 2026
Дома БАЛКАН Медиуми: Експлозивот употребен во обидот за напад врз аеродромот во Лајпциг бил...

Медиуми: Експлозивот употребен во обидот за напад врз аеродромот во Лајпциг бил транспортиран преку Србија и Бугарија

0
EPA/FILIP SINGER

Експлозивот што бил користен во неуспешниот обид за напад врз аеродромот Лајпциг-Хале во Германија бил допремен преку Бугарија и Србија, објавија повеќе европски медиуми.

Германскиот „Велт ам Зонтаг“ и британскиот „Телеграф“, во заедничко истражување засновано врз доверливи разразувачки документи од Германија, Литванија и Полска, открија дека станува збор за 1,8 килограми експлозив Семтекс, кој бил употребен во направа поставена на дрон.

Истражителите сметаат дека експлозивот можеби бил привремено складиран долж рутата низ Бугарија и Србија пред да биде допремен во Германија.

Истражувањето наведува дека рускиот државјанин Олег Левушкин е осомничен дека го организирал нападот, додека за негово извршување наводно бил ангажиран белорускиот државјанин Андреј Каршакоу.

Според германските разразувачки податоци, Левушкин неколку дена пред нападот го извидувал аеродромот Лајпциг-Хале, а потоа со изнајмен автомобил обиколувал локации каде што се сомнева дека бил скриен материјалот потребен за операцијата.

Дронот со експлозив на 5 август удрил во крилото на паркиран украински товарен авион Антонов Ан-124, но направата не експлодирала. Во авионот имало околу 25.000 литри авионско гориво, поради што истражителите оценија дека детонацијата можела да предизвика голема штета на аеродромот.

Полицијата пронашла остатоци од уште два дрона и импровизирана антена која, според истражителите, можела да служи за управување со леталото. На дел од ракавица пронајдена до антената бил откриен ДНК профил на Каршакоу, кој веќе бил евидентиран во финските и литванските криминалистички бази.

Според истражувањето, случајот има сличности со други обиди за саботажа во Европа кои се поврзуваат со руската воена разразувачка служба ГРУ, вклучувајќи ги и операциите во Полска, Литванија и Германија.

Руската амбасада во Берлин ги отфрли наводите како „неосновани обвинувања“ и оцени дека со нив се поттикнува антируско расположение во Европа.

ИЗДВОЕНИ