Земјотрес со јачина од 5,0 степени ја погоди пошироката област на Гранада во јужна Шпанија рано утрово, оштетувајќи згради, фасади, покриви и автомобили, но нема повредени, соопштија регионалните власти.
Според податоците од Националниот географски институт на Шпанија (IGN), земјотресот е регистриран во 1:04 часот по полноќ, со епицентар на длабочина од два километри во Алхендино, во метрополитенската област Гранада, објави „Паис“.
Земјотресот е почувствуван во речиси цела Андалузија, освен во провинциите Уелва и Кадис. Службите за итни случаи примиле повеќе од 80 повици од граѓани, а пријавени се и разни материјални штети, вклучувајќи одлепување на делови од фасади и покриви, оштетување на автомобили и лизгање на земјиштето.
Персоналот на Цивилната заштита евакуираше зграда во Лас Габијас како мерка на претпазливост поради штетите предизвикани од земјотресот.
Регионалната влада на Андалузија активираше вонредна состојба поради сеизмички ризик.
Заменик-премиерот на регионалната влада, Антонио Санц, ги повика граѓаните да останат смирени и да избегнуваат непотребно влегување и излегување од оштетените згради, како и да се држат подалеку од фасадите, стреите, балконите и ѕидовите на улиците поради ризикот од уривање.
Во часовите по главниот земјотрес, во метрополитенската област Гранада беа регистрирани уште четири помали земјотреси, со магнитуда помеѓу 2,2 и 3,7 степени.
Персоналот на Цивилната заштита евакуираше зграда во Лас Габијас како мерка на претпазливост поради штетите предизвикани од земјотресот.
Регионалната влада на Андалузија активираше вонредна состојба поради сеизмички ризик.
Вицепремиерот Антонио Санц ги повика граѓаните да останат смирени и да избегнуваат непотребно влегување и излегување од оштетените згради, како и да се држат подалеку од фасадите, стреите, балконите и ѕидовите на улиците поради ризикот од уривање.
Во часовите по главниот земјотрес, уште четири помали земјотреси, со магнитуда помеѓу 2,2 и 3,7, беа регистрирани во метрополитенската област Гранада.












