Сигналите за чад за конклавата се подготвени: Ватикан постави оџак на Систинската капела

57
EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Пожарникарите во Ватикан денеска поставија оџак на покривот на Систинската капела кој ќе се користи за горење на гласачките ливчиња за време на конклавата за избор на наследник на папата Франциск.

Тајниот состанок започнува на 7 мај, а изолираните кардинали ќе го користат оџакот за да му соопштат на надворешниот свет дали избрале нов поглавар на Католичката црква, која има 1,4 милијарди верници, пишува агенцијата Ројтерс.

Се очекува изборот на нов папа да не потрае долго.

Сепак, во 13 век, биле потребни речиси три години, или поточно 1.006 дена, за да се избере наследник на папата Климент IV, што го прави најдолгиот конклав во историјата на Католичката црква.

Оттука потекнува терминот конклава – „под клуч“, бидејќи кардиналите што се состанувале во Витербо, северно од Рим, траеле толку долго што мештаните решиле да ги заклучат во соба додека не изберат нов папа.

ИЗДВОЕНИ