Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) сподели снимки и фотографии од денешното гаснење на пожарот што подолго време гори на територија на Општина Македонски Брод.
Денеска било драматично во пределот на селото Локвица, длабоко во планината во правец кон ловиштето „Јасен“.
„Во пределот над с. Локвица, Општина Македонски Брод, далеку во планината во правец кон ловиштето Јасен – моменти од дејство на поголем огнен тим на ДЗС за гасење шумски пожари (25 доброволни пожарникари и пет оперативци на ДЗС) со подршка од три авиони „Ер-трактор“ на ДЗС и хеликоптер на МВР што полнеше вода од монтажен базен, при што имаше мноу брзо полнење и ифрлање вода“,
Како што информира ДЗС, пожарот е локализиран, а повеќе негови кракови се изгаснати. Сепак потенцираат дека утринското извидување ќе даде подобра слика за состојбата.
Во акцијата биле ангажирани 25 доброволни пожарникари и петмина припадници на ДЗС, со поддршка од хеликоптер на МВР.











