Што му шепна Меланија на Трамп за време на погребот на папата? Спречи дипломатски гаф

190

Првата дама на САД, Меланија Трамп во еден момент за време на погребот на папата Франциско му пријде на својот сопруг Доналд Трамп, советувајќи го да се ракува за да избегне дипломатски гаф, пишува „Дејли мејл“.

За време на тричасовната миса, насобраните беа поканети да си „упатат знак на мир“ со ракување, но на видеото се гледа дека Трамп не учествувал веднаш во тоа ракување, пишува британскиот медиум.

Потоа неговата сопруга Меланија Трамп му се приближила и, според тврдењата на форензички читач на усни, двапати му шепнала: „Треба да го направиш тоа“, на што тој наводно рекол: „О, во ред“ и почнал да се ракува со најблиските.

Тој се ракувал со естонскиот претседател Алар Карис, шпанскиот крал Фелипе VI и неговата сопруга Летиција, а потоа се свртел кон францускиот претседател Емануел Макрон и му ја подал раката.

Американскиот претседател беше критикуван и дека не го почитувал кодексот на облекување, откако на погребот на папата облече сино одело и вратоврска.

Папата Франциск беше погребан вчера во римската базилика Санта Марија Маџоре, по прошталната церемонија на плоштадот Свети Петар.

На погребната поворка на папата на плоштадот Свети Петар во Ватикан присуствуваа околу 250.000 верници, а уште 150.000 луѓе се собраа на патот од Ватикан до базиликата Санта Марија Маџоре, објавија италијанските медиуми.

ИЗДВОЕНИ