Екстремниот топлотен бран што ја зафати Шпанија ги руши температурните рекорди низ целата земја. Според шпанската државна метеоролошка агенција AEMET, 22 и 23 јуни се најжешките јунски денови регистрирани од почетокот на официјалните мерења во 1950 година.
Просечната температура на Иберискиот Полуостров била дури 7,1 степен над нормалата за овој период, а нов апсолутен рекорд е измерен во местото Тама во регионот Кантабрија, каде термометрите покажале 43,7 степени Целзиусови.
Високите температури веќе ја зедоа и првата жртва. 68-годишен маж од Алмерија во Андалузија починал од топлотен удар откако му се слошило поради екстремната жештина. Здравствените служби во повеќе региони пријавуваат значително зголемување на бројот на пациенти со симптоми поврзани со топлината.
Само во Баскија, 44 лица побарале медицинска помош поради последиците од жештината, додека во Андалузија се регистрирани стотици интервенции од средината на мај.
Властите воведуваат итни мерки за заштита на населението. Во Сарагоса и Уеска цените за јавните базени се намалени, а во Логроњо влезот е бесплатен за време на топлотниот бран. Дополнително, градовите отвораат климатизирани јавни простори – таканаречени „засолништа за топлина“ – каде граѓаните можат да се разладат.
Поради огромниот ризик од пожари, дел од традиционалните прослави за празникот Сан Хуан, вклучувајќи логорски огнови и огномет, се откажани во повеќе шпански градови.
La ola de calor que afecta a nuestro país ya ha tenido consecuencias fatales.
Entre el domingo y ayer, 108 personas han muerto por causas relacionadas con las altas temperaturas. El País Vasco y Cantabria están en aviso rojo.
🎙️@Palomaavr / Mikel Ercibengoa pic.twitter.com/e4yVERKyEb
— Telediarios de TVE (@telediario_tve) June 24, 2026
Од AEMET предупредуваат дека ваквите топлотни бранови стануваат сè почести и започнуваат порано од вообичаено, а експертите ова го поврзуваат со забрзаните климатски промени.











