вторник, октомври 6, 2026
Дома БАЛКАН Шест години се трагало по исчезнатата Марија во Србија: Сега семејството добило...

Шест години се трагало по исчезнатата Марија во Србија: Сега семејството добило анонимно писмо во кое се открива локацијата на телото!

0
EPA/EDVARD MOLNAR

Марија Кепиќ (29) од Аранѓеловац, која се водеше како исчезната од октомври 2020 година, е пронајдена мртва. Според неофицијални информации, нејзиното тело било пронајдено завиткано во ќебе, откако семејството добило анонимно писмо во кое се откривала локацијата.

Посмртните останки на Марија Кепиќ биле пронајдени завиткани во ќебе во близина на пештерата Рисовача во Аранѓеловац, речиси шест години откако таа исчезнала без трага.

Според извештаите, останките биле пронајдени уште во мај, а идентификацијата потврдила дека тие ѝ припаѓаат на младата жена по која се трагало од 29 октомври 2020 година.

Во текот на овие шест години, полицијата од Крагуевац спровела темелна истрага. Биле испитани бројни сведоци, ангажирано било полициско куче, анализирани биле телефонските записи и податоците од базните станици, а постоела и соработка со полициските служби од други земји, но сепак, немало апсолутно никаква трага од Марија.

„Потрагата по Марија продолжи во текот на целиот тој период. Сепак, таа како да пропаднала во земја – сè додека семејството не доби анонимно писмо во кое се откриваше локацијата на нејзиното тело“, вели извор близок до истрагата.

Се дознава дека Марија починала во истиот период кога било пријавено нејзиното исчезнување.

ИЗДВОЕНИ