Сестрите Венус и Серена Вилијамс заедно во двојки имаат освоено три олимписки злата, 14 грен-слем титули, но не можат против времето. Во Синсинати го играа првиот заеднички меч по четири години и беа поразени од Мата Костјук од Украина и Пејтон Стернс од САД.
Најпознатите сестри во историја на тенисот, но можеби и во било кој друг спорт, лошо го почнаа мечот, го загубија првиот сет со 2:6, но потоа одговорија моќно добивајќи го следниот со 6:1.
Кога се чинеше дека моментумот е на нивна страна и ќе имаат психолошка предност во супер-тајбрејкот, тоа не се случи. Почнаа ужасно, противничките поведоа со 6:0, но сестрите Вилијамс успеаа да се вратат и да дојдат до 7:8, сепак не го свртеа резултатот, загубија со 8:10 и беа елиминирани.
Останува да се види дали 46-годишната Венус и 44-годишната Серена ќе настапат и на САД опен. Дали ќе играат во двојки или во сингл. За сите опции потребна им е вајлд-карта, но тие се толку големи ѕвезди што тоа ќе биде најмал проблем.












