Конор Мекгрегор повторно успеа да привлече огромно внимание на социјалните мрежи, но овој пат не поради некоја борба или провокација. Познатиот ирски ММА-борач направи необичен гест кон своите вработени откако им додели слободен ден по повод излегувањето на долгоочекуваната видеоигра „GTA 6“.
Во средата навечер, Мекгрегор објави дека дури 400 вработени во неговите компании, кои работат во различни земји и на различни континенти, нема да мораат да одат на работа следниот ден. Причината е повеќе од интересна: сите ќе добијат можност да уживаат во новото продолжение на една од најпопуларните франшизи на видеоигри во светот.
- Во чест на утрешното излегување на GTA, ве известувам вас, 400 луѓе во различни земји и на различни континенти, дека утре сите имате слободен ден. Уживајте во играта! Вашиот пријател и шеф, Конор Мекгрегор – напиша Ирецот.
Очигледно е дека не била случајна одлуката, бидејќи и самиот Мекгрегор е голем љубител на видеоигрите. Тој дополнително сподели фотографии од просторот во кој поминува дел од слободното време, играјќи на конзола.
Неговиот потег за кратко време стана вирален и многумина го пофалија поради одлуката да им овозможи на вработените да уживаат во моментот што го чекаат милиони луѓе во светот што играат видеоигри.
За некои, тоа е само еден слободен ден, но за страсните љубители на GTA – станува збор за вистински подарок. Мекгрегор уште еднаш покажа дека знае како да го привлече вниманието, овој пат на начин што, сигурно, им се допадна на неговите 400 вработени.











