Британската полиција прогласи состојба на голем инцидент во воздухопловната база „Ферфорд“, која ја користат американските сили на југозападот од Англија, и уапси неколку мажи поради сомнение за сторени кривични дела според Законот за експлозиви.
Полицијата објави дека припадниците на армијата вршат преглед на бројни возила откако во базата се засилени мерките за безбедност.
Британската Влада ѝ даде овластување на Америка да ја користи базата „Ферфорд“ за изведување напади врз иранските ракетни положби од кои се гаѓаат бродови во Ормускиот Проток.
Очевидец изјави за Ројтерс дека вооружени припадници на полицијата го блокираат пристапот до главната капија на базата.
Околу 30 возила на брзата помош, полициски и противпожарни возила се стационирани во селото во близина на базата.
Полицијата објави дека во тек е евакуација на низа објекти во областа Велфорд откако беше прогласен голем инцидент.
Специјален армиски тим за отстранување експлозивни средства во моментов проверува одреден број возила.
Велика Британија во јули соопшти дека нејзините вооружени сили се подготвени да ја заштитат земјата од каков било напад откако Иранската револуционерна гарда го предупреди Лондон да не им дозволува на американските бомбардери да летаат од „Ферфорд“.
Major incident declared near RAF Fairford in Gloucestershire, UK, after several people arrested on suspicion of explosives offences https://t.co/hPGGNVieiO
— BBC Breaking News (@BBCBreaking) September 27, 2026












