недела, септември 27, 2026
Дома СВЕТ „Замолчи“: Трамп повторно во дуел со новинарка/ВИДЕО

„Замолчи“: Трамп повторно во дуел со новинарка/ВИДЕО

0
EPA/WILL OLIVER / POOL

Претседателот на САД Доналд Трамп денес повторно упати критики кон CNN и MSNBC, еден ден откако Белата куќа му забрани на CNN да патува со претседателскиот авион („Air Force One“) за да ја следи неговата посета на Тенеси, и во време кога новинарите од тие медиумски куќи се соочуваат со ограничувања во пристапот до претседателот изминативе денови.

Додека ја напушташе Белата куќа, новинарката на MSNBC задолжена за следење на Белата куќа, Акајла Гарднер, го праша Трамп дали сака новинарската екипа што го придружува претседателот да се состои само од медиуми што го поддржуваат.

„Не, не, не. Сакам вистински вести, а не лажни вести, какви што се вашите“, одговори Трамп.

Потоа Гарднер го праша дали сака да избегне тешки прашања, на што Трамп ѝ рече да „замолчи“, пред повторно да го критикува известувањето на CNN и MSNBC – кои ги нарече „MSDNC“, погрден израз што алудира на наводни врски меѓу Демократската партија и MSNBC.

Според „Гардијан“, уште од својот прв претседателски мандат, Трамп често ги критикува медиумите што не го поддржуваат, означувајќи ги неповолните извештаи како „лажни вести“, додека истовремено постојано јавно им порачува на новинарите кои поставуваат критички прашања да молчат.

Тензиите меѓу Трамп и медиумите дополнително ескалираа минатиот викенд, кога администрацијата им ги одзеде новинарските акредитации на „MS Now“, „Политико“ и Си-Ен-Ен.

ИЗДВОЕНИ