петок, јуни 5, 2026
Дома МАГАЗИН Сенатот на Флорида не успеа да го усвои законот со кој се...

Сенатот на Флорида не успеа да го усвои законот со кој се забранува бракот меѓу роднини

155

Владиниот закон на Флорида со кој се забранува бракот меѓу роднини од прв степен не успеа да го усвои државниот Сенат.

Пратениците го отфрлија законот со кој инцестуозните бракови би се направиле нелегални во државата Флорида по 1 јули 2026 година, објави „Флорида политикс“.

Во законот се предвидуваше дека мажот не може да се ожени со жена со која е во роднинска врска, ниту со неговата сестра, ниту со неговата тетка, ниту со неговa внука, додека жената не може да се омажи за маж со кого е во роднинска врска – брат, чичко или внук.

„Има многу луѓе тука кои можете да ги најдете за да ви бидат доживотни партнери, и тоа не мора да ви биде роднината од прво колено“, рече државниот претставник на Флорида, Дин Блек, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ