Американскиот претседател Доналд Трамп наводно се обидел да активира нуклеарни кодови за време на вонреден состанок во Белата куќа, во услови на ескалација на конфликтот со Иран, но бил спречен од претседателот на Здружениот штаб, генерал Дин Кејн.
Според пензионираниот аналитичар на ЦИА, Лари Џонсон, инцидентот се случил за време на вонреден состанок во Белата куќа.
Лари Џонсон го откри ова во емисијата „Judging Freedom“ на YouTube.
„Еден извештај што излегува од тој состанок во Белата куќа е дека Трамп сакал да ги користи нуклеарните кодови, а генералот Кејн станал и рекол: „Не“. Тој се повикал на својот авторитет како шеф на војската. Очигледно билa прилично жестока конфронтација“, рече Џонсон.
Неговите тврдења следат по претходните извештаи дека Трамп бил исклучен од таканаречената Соба за ситуации во критичните моменти од иранската криза, бидејќи неговите советници се плашеле од неговата непредвидлива природа и експлозивен темперамент.
Откако Иран собори американски авион претходно овој месец, Трамп наводно поминал часови викајќи им на помошниците во Западното крило, опседнат од сеќавањата на заложничката криза во Иран во 1979 година.
Тврдењата за обидот за пристап до нуклеарни кодови не се независно потврдени, а Белата куќа и Пентагон сè уште не ги коментираа изјавите на Џонсон.
Џонсон, кој е познат по своите контроверзни изјави, заклучи дека „нешто сериозно не е во ред со Трамп“.
Останува нејасно до кој степен и во кој контекст Трамп наводно би барал нуклеарни опции. Белата куќа и Пентагон сè уште не дале коментар, навел британски „Мирор“, а пренесе „Вечерњи лист“.












