недела, септември 27, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Се зголемува дозволената брзина на дел од градските сообраќајници

Се зголемува дозволената брзина на дел од градските сообраќајници

16522

На дел од градските улици во Кавадарци е воведена нова сообраќајна регулација.

Поточно, поставени се сообраќајни знаци согласно со сообраќајниот проект, со кои се овозможува зголемување на дозволената брзина на движење од 40 на 50 километри на час, и тоа на: Западниот булевар, улицата „Шишка“ и на Северниот булевар.

Од Општина Кавадарци информираат дека сообраќајната регулација е усогласена со условите на овие сообраќајници, со цел поефикасно одвивање на сообраќајот.

Притоа, предупредуваат да се вози внимателно и да се почитува поставената сообраќајна сигнализација.

 

ИЗДВОЕНИ