вторник, ноември 10, 2026
Дома МАГАЗИН Се влошува здравствената состојба на Брус Вилис

Се влошува здравствената состојба на Брус Вилис

0

Здравствената состојба на актерот Брус Вилис, кој боледува од фронтотемпорална деменција, наводно се влошила. Според еден извор, актерот прави долги паузи додека зборува и сè потешко ги наоѓа вистинските зборови, a покрај тоа, му се вратило пелтечењето со кое се соочувал како дете.

„Тој прави долги паузи, како да е длабоко замислен. Но, всушност, се обидува да ги пронајде зборовите и да сфати како да се изрази“, вели изворот.

„Дејли мејл“, пренесува дека претставниците на актерот не ги коментирале овие тврдења.Ка

ко дете, Вилис пелтечел, поради што го добил прекарот „Бак-Бак“. Тој го надминал пелтечењето така што се зачленил во училишна драмска секција, каде што зборовите што му биле тешки за изговарање ги заменувал со други. Изворот тврди дека тој продолжил да ја користи оваа техника во текот на целата своја кариера, но поради болеста, тоа веќе не му поаѓа од рака.

Според истиот извор, Вилис денес е многу потивок отколку што бил порано. Тој е свесен дека нешто не е во ред, но не го сфаќа целосно обемот на својата болест.

Во март 2022 година, семејството на Вилис објави дека му е дијагностицирана афазија, а во февруари 2023 година открија дека тој боледува од фронтотемпорална деменција – состојба што влијае на говорот, однесувањето и личноста.

Актерот живее во посебна куќа во близина на семејниот дом, каде што добива 24-часовна нега. Покрај него се неговата сопруга Ема Хеминг Вилис, поранешната сопруга Деми Мур и неговите пет ќерки. Изворот наведува дека тој сè уште ужива во кратки излегувања, возење со автомобил, сладолед и музика – при што најмногу сака да го слуша Нил Дајмонд.

Ема Хеминг Вилис претходно за „Сандеј тајмс“, зборуваше за моментите на блискост што сè уште ги споделуваат.

„Кога ме прегрнува, чувствувам дека тоа сè уште е Брус. Во таа смисла, ништо не е променето. Тоа е истовремено прекрасно и многу болно“, рече таа.

ИЗДВОЕНИ