вторник, ноември 10, 2026
Дома СВЕТ „Росњефт“ воведе лимити за гориво на пумпите низ Русија: Најмногу 30 литри

„Росњефт“ воведе лимити за гориво на пумпите низ Русија: Најмногу 30 литри

0
EPA/MAXIM SHIPENKOV

Компанијата „Росњефт“ воведува ограничувања на своите бензински пумпи низ сите региони во Русија, соопшти  Министерството за економски развој на Забајкалскиот крај.

Според Министерството, потрошувачите можат да купат до 30 литри гориво на бензинските пумпи во градовите, додека на локациите покрај автопатите е дозволено купување до 50 литри, пренесе информативниот портал „Медуза“.

Ограничувања во снабдувањето со бензин и дизел гориво се воведени и на пумпите на „Росњефт“ во Краснојарск.

„Росњефт“ исто така ја ограничи продажбата на бензин во Карелија, според изјавата на регионалниот лидер, Артур Парфенчиков.

„Забрането е полнење гориво во канистри“, изјави гувернерот.

Неколку рафинерии за нафта на „Росњефт“ беа цел на напади со украински беспилотни летала во текот на последните месеци.

Кон крајот на октомври беше нападната рафинеријата „Новокујбишевск“ во Самарската област, а на 31 октомври цел на напад беше рафинеријата „Башњефт-Новоил“ во Уфа. На 5 ноември беше нападната и рафинерија во Рјазанската област.

Според „Блумберг“, раководството на „Росњефт“ смета дека уште неколку месеци војна со Украина би можеле да предизвикаат долгорочна штета на деловното работење на компанијата.

ИЗДВОЕНИ