вторник, ноември 10, 2026
Дома СВЕТ Руска делегација пристигна во Абу Даби, денеска започнуваат преговорите со Украина и...

Руска делегација пристигна во Абу Даби, денеска започнуваат преговорите со Украина и САД

0

Авион со руска делегација синоќа слета во Абу Даби, каде што треба да се одржат трилатерални разговори меѓу претставници на Русија, САД и Украина, јавува агенцијата РИА Новости.

Руската делегација ја предводат помошникот во Кремљ, Владимир Медински, и замениците министри за надворешни работи, Сергеј Рјабков и Михаил Галузин, соопшти претходно Кремљ.

Во делегацијата се и шефот на руското воено разузнавање, Игор Костјуков, како и висок офицер од Генералштабот, Јуриј Жигарловски, покрај други дипломатски и воени претставници.

Трилатералната средба во главниот град на Обединетите Арапски Емирати е закажана за 10 и 11 ноември.

Се очекува разговорите да ги соберат претставниците на трите земји како дел од дипломатските напори поврзани со војната во Украина.

ИЗДВОЕНИ