Ти Џеј Шортс повторно блеска на европската кошаркарска сцена и заслужено го доби признанието за најдобар играч во Евролигата за изминатиот месец. Натурализираниот македонски репрезентативец игра во фантастична форма по трансферот од Панатинаикос во Валенсија, каде што, очигледно, пронајде средина во која може максимално да ги покаже своите квалитети.

Во изминатиот месец, тој имаше просек од 17,1 поен и 5,7 асистенции на натпревар, статистика што го постави на врвот, меѓу најдобрите поединци на најсилното европско клупско натпреварување.

Неговите настапи потсетуваат на блескавите денови во дресот на Париз, кога беше еден од најдобрите кошаркари на Стариот Континент и привлекуваше огромно внимание со своите игри.

Ова признание е уште една потврда за неговиот квалитет. Со своите партии, тој продолжува да го привлекува вниманието на европската кошаркарска јавност и да ја радува македонската кошаркарска публика.

ИЗДВОЕНИ