среда, јули 8, 2026
Дома СКОПСКА Се уредува одводниот канал во Сингелиќ

Се уредува одводниот канал во Сингелиќ

1

Во тек се градежни активности за уредување на коритото на каналот за одводнување во Сингелиќ, проект што долго време беше барање на жителите.

За тоа како се одвиваат активностите, денеска увид извршија градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, и министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа. Тие констатираа дека се одвиваат работите според предвидената динамика.

Од Општина Гази Баба соопштија дека се прави каналот од бетон, со армиранобетонски плочи и дилатациони фуги меѓу плочите, што ќе обезбеди долготрајност, поголема безбедност и подобра функционалност.

Овој канал е изграден во 1965 година за да ги прифаќа атмосферските води и за да обезбеди заштита од поплави. Од неговата изградба до денес, никогаш не било извршено вакво темелно уредување. По повеќе од шест децении, првпат се инвестира за негова реконструкција и за негова модернизација. Овој канал е клучен дел од хидромелиоративниот систем за одводнување „Скопско Поле“.

Вкупната должина на трасата е 1.273,76 метри, а во оваа прва фаза се реализираат 673 метри. Преостанатиот дел ќе биде изведен во втората фаза, со што каналот ќе биде целосно уреден.

Вредноста на договорот изнесува 21.073.863 денари со ДДВ, средства обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Рокот за изведба на градежните работи е девет месеци.

 

ИЗДВОЕНИ