среда, јули 8, 2026
Дома СКОПСКА Ново ЛЕД-осветлување, заштитни огради, уредени патеки, клупи, летниковци на Водно

Ново ЛЕД-осветлување, заштитни огради, уредени патеки, клупи, летниковци на Водно

2

Во изминатиот период, Град Скопје посветено работи на разубавување, уредување и подобрување на условите за сите посетители на Водно.

Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека првпат досега, на потегот од сеизмолошката станица до патот кон Сончев Град, се поставува ново ЛЕД-осветлување, со што овој дел станува побезбеден, поуреден и подостоинствен за сите граѓани.

– Поставени се и нови заштитни огради, изведен е нов асфалт, а дополнително се уредени патеките, клупите и летниковците. Водно, заслужува грижа. Скопјани заслужуваат убави, безбедни и уредени јавни простори. Да го посетуваме, да уживаме во него, но и да го чуваме – објави Ѓорѓиевски на „Фејсбук“.

 

ИЗДВОЕНИ