сабота, јули 4, 2026
Дома БАЛКАН Се сруши дел од мост на граничен премин меѓу Хрватска и БиХ

Се сруши дел од мост на граничен премин меѓу Хрватска и БиХ

34

Се сруши дел од мостот кон граничниот премин Градишка на босанскохерцеговската страна од границата, поради што во моментов е затворен сообраќајот за сите возила кон граничниот премин.

Хрватскиот автоклуб соопшти дека поради оштетување на мостот меѓу граничните премини Стара Градишка во Хрватска и Градишка во Босна и Херцеговина, сообраќајот е прекинат во двата правци.

Според првичните неофицијални информации, нема повредени лица, а повеќе детали за инцидентот се очекуваат во текот на денот.

Во моментов не е познато ниту како дошло до уривањето на дел од мостот.

ИЗДВОЕНИ