Утрово, повторно се разгоре пожарот што избувна синоќа помеѓу гробиштата Бутел и Шуто Оризари.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека преку бројот 112 била добиена пријава за пожар на сува трева и оти истиот се проширува кон куќите, кај „Џиди Комерц“, во Шуто Оризари


Воедно, иззвестена е и Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

Фото: (Ѕ.П.)












