недела, февруари 15, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Се работи проектна документација за обиколница на градот Кавадарци

Се работи проектна документација за обиколница на градот Кавадарци

50

Јавното претпријатие за државни патишта работи на проектна документација за обиколница на градот Кавадарци.

Директорот на ЈПДП, Коце Трајановски, информираше дека со реализацијата на овој проект ќе се растовари сообраќајот низ градот и ќе се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Тој заедно со градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, извршија увид во градежните активности на дел од регионалните патишта кој минуваат низ градот.

-Целта е пред зимскиот период да се заврши со реализацијата на проектите кои Јавното претпријатие за државни патишта ги реализира заедно со Општина Кавадарци – потенцираше Трајановски.

 

ИЗДВОЕНИ