среда, ноември 11, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Се проверува подготвеноста за справување со шап и лигавка

Се проверува подготвеноста за справување со шап и лигавка

9

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во соработка со Бугарската агенција за безбедност на храната и Европската комисија за контрола на шап и лигавка (EuFMD), од 10 до 12 ноември спроведува заедничка тридневна симулациска вежба за справување со болеста шап и лигавка.

Целта е да се провери и да се унапреди подготвеноста на ветеринарните служби на двете земји за навремено откривање и спречување на евентуална појава на болеста, како и да се зајакнат прекуграничната соработка и размената на информации.

Вежбата опфаќа видеоконференциски, кабинетски и теренски активности. Вчера во Скопје и Софија се разгледуваат симулирани сценарија, а денеска во регионот на Струмица ќе се спроведат практични активности, меѓу кои клинички прегледи на животни, земање примероци, епидемиолошко истражување и проверка на биосигурносните мерки. Во четврток ќе бидат презентирани прелиминарните резултати и согледувањата од вежбата.

Шап и лигавка е исклучително заразна вирусна болест кај домашните и дивите чапункари, особено кај говедата, овците, козите и свињите, која може да предизвика сериозни загуби во сточарството и ограничувања во трговијата со животни и производи од животинско потекло.

Од АХВ нагласуваат дека станува збор исклучиво за симулациска вежба, а не за вистинска појава на болеста, па затоа нема причина за загриженост кај граѓаните и сточарите.

ИЗДВОЕНИ