среда, ноември 18, 2026
Дома СВЕТ ИРАН ГО НАПАДНА КУВАЈТ: Погодена американска база/ВИДЕО

ИРАН ГО НАПАДНА КУВАЈТ: Погодена американска база/ВИДЕО

0

Иранската војска соопшти дека со употреба на дронови ја нападнала воздухопловната база „Али Ал Салем“ во Кувајт, каде што се стационирани американски сили.

Според Техеран, цел на операцијата биле американските беспилотни летала и ракетните системи лоцирани во базата.
Претходно, кувајтската војска извести дека системите за противвоздушна одбрана пресретнале непријателски беспилотни летала, иако не беше прецизиран обемот на нападот, пренесе „Ал Џезира“.

Министерството за надворешни работи на Кувајт го осуди иранскиот напад, опишувајќи го како „грубо кршење на суверенитетот на земјата“ и како непосредна закана за нејзината безбедност и стабилност.

Кувајтските власти предупредија дека ваквите повторени напади претставуваат сериозна ескалација на конфликтот, нагласувајќи дека го задржуваат правото да ги преземат сите неопходни мерки за заштита на својата територија и критичната инфраструктура. Притоа, тие се повикаа на правото на самоодбрана, предвидено во Повелбата на Обединетите нации.

ИЗДВОЕНИ