понеделник, ноември 16, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Се подготвуваат законски измени за повратот на ДДВ за компаниите

Се подготвуваат законски измени за повратот на ДДВ за компаниите

1

Се подготвуваат законски измени за повратот на ДДВ за компаниите. Се разгледува можноста за прецизирање на роковите во случај кога врши Управата за јавни приходи контрола на компанијата.

Од Министерството за финансии посочуваат дека кај нас рокот за поврат на ДДВ е 30 дена без разлика дали се врши контрола во компанијата или не. Во соседните држави тој рок е поголем, па така во Грција е 90 дена, а во Албанија 60 дена. Хрватска има ист рок како кај нас, но разликата е во тоа што таму доколку има контрола во компанијата, рокот за исплата е продолжен на 90 дена.

Годинава, според информациите од Министерството за финансии, се исплатени 34,2 милијарди денари, а најголем поврат на ДДВ е забележан во 2022 година, кога биле исплатени рекордни 44,7 милијарди денари.

Од Министерството за финансии уверуваат дека кај компаниите кај кои не се констатирани неправилности, исплатата оди без проблеми.

ИЗДВОЕНИ