сабота, јули 4, 2026
Дома КУЛТУРА Се отвора ново филмско катче во Скопје; „Фино кино“ во „Лабораториум“

Се отвора ново филмско катче во Скопје; „Фино кино“ во „Лабораториум“

556

Со проекција на филмот „Нов бран“, на 20 март, официјално ќе започне со работа новото филмско катче во центарот на Скопје – „Фино кино“.

Идејата на „Фино кино“, проект на приватниот културен центар „Лабораториум“, е создавање на непретенциозно „џепно“ артхаус кино и нова културна платформа со внимателно курирана програма – иницијатива за која се надеваме дека ќе се претвори во жива неформална заедница со филмската уметност во својот фокус, велат од тимот на „Лабораториум“.

Овој прв викенд на репертоарот на „Фино кино“ ќе бидат „Нов бран“ на режисерот Ричард Линклејтер (петок, 20 март, во 19:00 и недела, 22 март, во 20:00), осморангиран филм на листата на најдобри филмови на 2025 на култното филмско списание „Cahiers du Cinéma“, потоа номинираниот за Оскар анимиран филм „Арко“ (сабота, 21 март, во 12:00 и недела, 22 март, во 18:00) и „Млади мајки“ во режија на браќата Дарден (петок, 20 март, во 21:00), добитник на наградата за најдобро сценарио на Канскиот филмски фестивал.

„Фино Кино“ се наоѓа во новиот простор на „Лабораториум“, на адреса: Булевар 12-та Македонска Бригада 2а, во склоп на зградата на Сојузот на синдикатите.

ИЗДВОЕНИ