Се менува асфалтот на регионалниот пат Кичево-Демир Хисар

112

Директорот на ЈП за Државни патишта, Коце Трајановски денеска заедно со пратеникот Ѓорѓија Сајкоски, заменик министерот Лазе Јаќимоски и заменик директорот на ЈП Македонија пат, Александар Шуковски, извршија увид на работите на регионалниот пат Р2337 на делот од врска со Р1305 (Кичево-Демир Хисар) кон Цер.

– Се санира коловоз со вградување на нов слој на асфалт во должина од 5.100 метри и ширина од 4 метри. Вредност на работите е проценета на 30 милиони денари – објави Трајановски.

Исто така, во тек се и градежни активности и изведба на земјани работи (пробивање и рамнење на трасата и ископ на канали) за санација на делот од патот од Цер кон Пуста Река кој е со земјан коловоз, со цел поврзување со Крушево.

Работите ги изведува ЈП Македонијапат, а се реализира преку Програмата на ЈПДП за одржување на државните патишта за 2025 година, каде што се планирани градежни активности на државни патишта кои водат кон рурални средини и кои се со стар и оштетен коловоз.

– Не само што не ги забораваме туку и се трудиме да опфатиме што поголем број на државни патишта кои водат кон рурални средини и кои се со стар и оштетен коловоз – истакна Трајановски.

ИЗДВОЕНИ