понеделник, август 17, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Се идентификуваат насилниците на врсничкото насилство во Аеродром

Се идентификуваат насилниците на врсничкото насилство во Аеродром

2730

Насилниците од видеото на најновото врсничко насилство во населбата Аеродром се повикуваат во полициска станица. Од полицијата информираат дека разговарано е со девојчето-жртва во присуство на родител, а за случајот е известен и јавен обвинител.

Видеото од последното насилство на малолетници, од основно училиште, предизвика бурни рекации во јавноста дека родителите мора да преземат нешто со насилничкото однесување на децата.

Неодамна министерката за образование Весна Јаневска најави дека родителите на децата што тепаат и малтретираат свои врсници ќе бидат парично казнувани со 250 евра.

Во речиси сите случаи на врсничко насилство објавувани на социјалните мрежи тепаат и се тепани девојчиња. (П.А.)

ИЗДВОЕНИ