сабота, октомври 10, 2026
Дома СВЕТ Саудиските власти информираат за нов напад на аеродромот во Ријад/видео

Саудиските власти информираат за нов напад на аеродромот во Ријад/видео

112
Фото:википедија

Саудиски претставници денеска соопштија дека аеродромот во главниот град Ријад повторно бил нападнат, по инцидентот што се случи претходно оваа недела и во кој загинаа неколку лица.

Еден неименуван претставник изјави дека аеродромот „Крал Калид“ бил евакуиран, додека друг соопшти дека воздушниот сообраќај бил прекинат.

Аеродромот беше цел на напади неколку пати оваа недела; во четвртокот таму загинаа тројца цивили и еден пилот.

Јеменските бунтовници Хути ја презедоа одговорноста за претходните напади, но сè уште немаат издадено соопштение во врска со денешниот напад.

Од аеродромот им препорачаа на патниците да го проверат статусот на летот кај своите авиокомпании пред поаѓањето.

Конфликтот меѓу Хутите и јеменската владина армија – која е поддржана од Саудиска Арабија – неодамна се интензивираше, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ