сабота, ноември 7, 2026
Дома СКОПСКА Санкционирани 123 непрописно паркирани возила во Центар

Санкционирани 123 непрописно паркирани возила во Центар

45

Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“, во периодот од 13.09 до 20.09.2026 година, со помош на нивните  специјалните возила „пајак“ отстраниле 123 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

-За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили на територијата на општина Центар, со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот – велат од претпријатието.

ИЗДВОЕНИ