недела, ноември 8, 2026
Дома СКОПСКА Отворен конкурсот за годишната награда „Феникс“ за 2026 година

Отворен конкурсот за годишната награда „Феникс“ за 2026 година

42

Општина Центар го објави конкурсот за доделување на годишната награда „Феникс“ за 2026 година.

Ова признание  се доделува на поединци, групи творци и правни лица за особени постигнувања и придонес во развојот и афирмацијата на општината.

Наградата се доделува за значајни остварувања во областа на стопанството, науката, уметноста, културата, спортот, воспитанието и образованието, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други области на трудот и творештвото.

-Во Центар има многу луѓе кои со својата работа, знаење, талент и посветеност оставаат трага и придонесуваат нашата општина да се развива и да се афирмира. Наградата „Феникс“ е начин да им оддадеме признание на оние кои создаваат вредности и со своите постигнувања се пример и инспирација за другите – изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Тој ги повика граѓаните, институциите и организациите да предложат кандидати за кои сметаат дека заслужуваат нивниот труд да биде препознаен и вреднуван.

Право да предлагаат кандидати имаат физички и правни лица со живеалиште, односно седиште на подрачјето на општина Центар. Предлогот треба да биде образложен и потпишан од предлагачот, со приложена кратка биографија и документација со која се потврдуваат постигнувањата на кандидатот.

Конкурсот е отворен од 21 септември до 5 октомври 2026 година. Предлозите се доставуваат до Комисијата за доделување на Годишната награда на Општина Центар – „Феникс“, на улица „Михаил Цоков“ број 1 или во архивата на Општина Центар-Скопје, барака 6.

 

ИЗДВОЕНИ