За гласање на парламентарните избори во Бугарија, се пријавиле 210 лица од Македонија.
Најмногу пријавени има во Струмица (62), потоа во Охрид (56), па следуваат Прилеп (52), Скопје (29) и Битола (11).
Пријавувањето е можно и директно на избирачките места.
Во 2022 година, пак, за гласање биле пријавени 461 лице, што значи дека интересот сега е речиси преполовен.












