вторник, август 11, 2026
Дома СВЕТ САД отворија оган кон брод кај Иран: Хеликоптер го погоди кормилото на...

САД отворија оган кон брод кај Иран: Хеликоптер го погоди кормилото на брод што се обидуваше да ја пробие поморската блокада

0

Американски воен хеликоптер отворил оган кон командниот мост на брод под панамско знаме, откако неговиот екипаж ги игнорирал предупредувањата од силите што спроведуваат поморска блокада на иранските пристаништа, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на американски функционер.

Според извештаите, бродот под панамско знаме ги игнорирал предупредувањата од американските сили додека се обидувал да ја пробие блокадата на едно иранско пристаниште.

Потоа, хеликоптерот отвори оган кон командниот мост на бродот во Оманскиот Залив, предизвикувајќи пожар на пловилото кој подоцна беше изгаснат.

Според извештаите, сите 17 членови на екипажот се безбедни и нема повредени или загинати лица.

Организацијата за поморски трговски операции на Обединетото Кралство (UKMTO) соопшти дека примила извештај за инцидент во кој биле вклучени контејнерски брод и воени сили во Оманскиот Залив.

Извори од областа на поморската безбедност наведоа дека се претпоставува оти бродот бил погоден од проектил во близина на брегот на Пакистан.

Британската групација за управување со поморски ризици „Вангард“ (Vanguard) и извор од областа на поморската безбедност претходно изјавија дека, според првичните проценки, контејнерскиот брод „Вела Нова“ (Vela Nova), кој плови под знамето на Панама, бил погоден од проектил додека пловел низ Оманскиот Залив.

ИЗДВОЕНИ