четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ САД го одложија нападот врз енергетската инфраструктура на Иран, но се спремаат...

САД го одложија нападот врз енергетската инфраструктура на Иран, но се спремаат за копнена офанзива на островот Харг?

435
epa12794484 WS 79 (IMO: 9479292), a Dutch Police patrol vessel near Hansweert, the Netherlands, 04 March 2026. The EU Commission is to present EU Industrial Maritime and Port Strategies, following the closure of the Strait of Hormuz amid the escalating regional conflict leading to growing concern over global oil supplies. EPA/OLIVIER HOSLET

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека САД и Иран имале „продуктивни разговори“ во текот на викендот и дека ќе ги одложат воените напади врз иранските енергетски објекти за пет дена, објави Си-ен-ен. Пишувајќи со големи букви на мрежата „Трут сошл“, Трамп рече дека ја донел одлуката за одложување на планираните напади врз основа на „тонот и карактерот“ на разговорите, објави телевизијата. Иран, пак, веднаш негираше дека имало разговори.

Но, ако се суди според израелските медиуми, опасноста од голема ескалација на војната не е надмината, зашто американскиот претседател наводно има и друг план да го принуди Иран да го отвори Ормутскиот Теснец за да обезбеди слободен проток на нафта. Високи американски функционери ги информирале своите колеги во Израел и во други земји дека САД немаат друг избор, освен да почнат копнена воена операција и да го заземат иранскиот остров Харг, дознаваат два извори запознаени со ситуацијата, пишува израелскиот „Џерусалим пост“. Островот Харг, кој се наоѓа во Персискиот Залив, е главен центар за извоз на нафта на Иран, при што 90 проценти од суровата нафта оди во Кина. Во рамките на американската администрација, се дискутираше за окупација на островот, во последните денови, со цел да се принуди Иран да ја прекине блокадата на пловидбата низ Ормутскиот Теснец. Американски функционер потврди за „Пост“ дека „американската војска го забрза распоредувањето илјадници маринци и поморски персонал на Блискиот Исток“. Тоа распоредување ја вклучува амфибиската борбена група „УСС Боксер“, која се состои од амфибискиот јуришен брод „УСС Боксер“, кој функционира како лесен носач на авиони, и од амфибиските транспортни бродови „УСС Портланд“ и „УСС Комсток“. Овие три брода носат приближно 4.500 маринци и дополнителен борбен персонал.

Пред околу една и пол недела, САД нападнаа воени цели на островот Харг, по што американскиот претседател, Доналд Трамп, објави на „Твитер“ дека се уништени сите воени цели на островот. Тој додаде дека во тоа време одлучил да не ја уништи целата нафтена инфраструктура на островот, но предупреди: „Ако се меша Иран во движењето во Ормутскиот Теснец, ќе размислам повторно“.

Копнената офанзива би претставувала голема ескалација во американско-израелската војна против Иран. Иранската новинска агенција „Ваха“ во понеделникот објави дека врховниот лидер, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, дал директиви за задачите и целите на иранските вооружени сили во војната, а прва на списокот е континуирано затворање на Ормускиот Теснец. Исто така, иранскиот Совет за одбрана се закани дека ќе постави разни видови морски мини, вклучувајќи и пловечки, што може да се лансираат до брегот, и ќе го блокира целиот Персиски Залив доколку биде нападнат брегот или островите на Иран, објави новинската агенција „Фарс“.

Иран им дозволи на некои пријателски земји, вклучувајќи ги Кина, Индија и Пакистан, безбедно поминување на нивните бродови низ теснецот, но практично го затвори за други, напаѓајќи ги нивните бродови.

ИЗДВОЕНИ