Фото: Фејсбук

Македонскиот боксер Ален Рустемовски продолжи со одличните настапи на Европското првенство во Софија. Тој обезбеди медал откако славеше во четвртфиналето против Ерменецот, Базејан со 4:1.

Рустемовски претходно во осминафиналето беше подобар од Вилијам Хјуит, исто така со 4:1, по што без многу проблеми го реши и Базејан за пласман во полуфинале.

Обезбедувањето на најмалку бронзен медал на ЕП во Софија е еден од најголемите успеси во неговата спортска кариера, но не планира да запре затоа што пред него е нов предизвик и ќе се бори за највисок пласман на натпреварувањето.

На ЕП во Софија настапуваат околу 400 боксери и боксерки од вкупно 40 земји.

ИЗДВОЕНИ