четврток, септември 3, 2026
Дома СВЕТ Руски генерал наредил ракетен напад врз детска болница во Киев – денеска...

Руски генерал наредил ракетен напад врз детска болница во Киев – денеска му било пукано в лице и во стомак, „атентаторот“ во бегство

0
epa10776502 A police vehicle stands in front of a damaged building following a reported drone attack in Moscow, Russia, 30 July 2023. The Russian Ministry of Defense on 30 July accused Ukraine of carrying out an attack with three unmanned aerial vehicles (UAV) against facilities in Moscow, adding that the attack was foiled and the three UAVs 'were suppressed by means of electronic warfare and crashed' leaving no casualties. EPA/YURI KOCHETKOV

Командантот на руските нуклеарни бомбардери, за кого се тврди дека го наредил нападот врз украинска детска болница, се бори за живот откако бил застрелан во главата во наводен обид за атентат, пренесува „Дејли мејл“.

Генерал-мајор Николај Варпахович (56), командант на 22-рата гардиска дивизија на тешката бомбардерска авијација на Русија, наводно се наоѓа во критична состојба.

Според извештаите, неидентификуван „атентатор“ со шлем и на моторцикл се приближил до неговиот приватен дом и отворил оган.

Локалните медиуми објавија дека Варпахович бил застрелан двапати со пиштол – во лицето и во стомакот – во селото Пробуждение, во областа Енгелс.

Командантот, кого Украина го обвинува за воени злосторства, раководи со единица на стратешки бомбардери способни да носат нуклеарно оружје; овие авиони дејствуваат под команда на Владимир Путин и се стационирани во воздухопловната база „Енгелс“.

Откако бил ранет, тој бил пренесен во болница, а подоцна биле направени планови за негов транспорт до Москва со специјален медицински лет.

Службата за безбедност на Украина (СБУ) го обвини Варпахович дека го наредил нападот од 8 јули 2024 година врз детската болница „Охматдит“ во Киев, во кој загинаа две лица, а десетици беа ранети.

Тој исто така е обвинет за напад со ракета „Х-101“ врз станбена зграда во Одеса во април 2022 година, во кој загинаа осум лица, меѓу кои и тримесечната Кира Глодан, нејзината мајка и нејзината баба. Варпахович се поврзува и со нападот врз телевизиската кула во Киев.

Европската Унија исто така официјално го идентификуваше Варпахович како командант на дивизија стационирана во воздухопловната база „Енгелс-2“ – единица за која ЕУ тврди дека била одговорна за нападот со ракета „Х-101“ врз болницата „Охматдит“ – и му воведе санкции.

ИЗДВОЕНИ