понеделник, октомври 19, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Во страотна сообраќајна несреќа загина кошаркарскиот тренер од Охрид, Антонио Савевски

Во страотна сообраќајна несреќа загина кошаркарскиот тренер од Охрид, Антонио Савевски

208

Македонскиот кошаркарски тренер Антонио Савевски загина во сообраќајна несреќа што изминатата ноќ се случи на магистралниот пат Охрид – Кичево.

„Со голема тага ја примивме веста за заминувањето на Антонио Савевски, кој на само 33 години го напушти светот на кошарката и оние со кои го споделуваше својот живот и љубовта кон спортот“, објави попладнево Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ).

Савевски беше дел од тренерските тимови на Охрид, Вардар, Водно Санс и Ангели, со особено посветеност кон развојот и работата со младите категории кошаркари.

Несреќата, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, се случила вчера во 23:30 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, кога патничко возило „хјундаи гец“ со охридски регистарски ознаки, удрило во кучиња-скитници, а потоа и во метални браници на патот и се запалило.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид, пожарот е изгаснат, а во возилото е пронајдено телото на починатиот возач.

ИЗДВОЕНИ