Руската комесарка за човекови права, Татјана Москалкова, денес потврди за „ТАСС“ дека се во тек подготовки за размена на затвореници со Украина во пресрет на Велигден.
Москалкова додаде дека е постигнат договор за да им се овозможи на затворениците да добијат велигденски колачи и да се сретнат со свештеник, без да ги прецизира деталите за планираната размена.
Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Кирил Буданов, на 26 март изјави дека се надева оти „ќе се случи размена на воени затвореници од голем обем за Велигден“, објави „Бета“.
„Нашата заедничка работа продолжува секој ден, преговорите се во тек и ќе има понатамошни размени. Искрено се надевам дека сите ќе бидеме сведоци на размена од голем обем за Велигден. И ќе направиме сè што е можно за да се случи тоа“, рече тогаш Буданов.












