Русија ги обвинува Украина и САД за одложување на мировните преговори

109
EPA-EFE/ALEXANDER ZEMLIANICHENKO / POOL

По месеци дипломатски застој, Кремљ вчера ги обвини Киев и Вашингтон за недостатокот на напредок во мировните преговори, а портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека темпото на преговорите зависи од позицијата на Украина, ефикасноста на американското посредништво и развојот на ситуацијата на бојното поле, пишува „Киев Индепендент“.

„Секако, многу работи зависат од ставот на режимот во Киев“, изјави Песков за белоруската телевизија Белорусија 1, според извештајот на Ројтерс, додавајќи: „Зависи и од тоа колку ќе бидат ефикасни медијациските напори на Вашингтон“.

Русија постојано го отфрлаше предлогот на САД за прекин на огнот, ги интензивираше нападите врз украинските цивили.

Песков ги даде коментарите во телевизиско интервју додека војната влегува во своето четврто лето без сеопфатен прекин на огнот и по две во голема мера неуспешни рунди мировни преговори.

Русија и Украина одржаа две рунди директни разговори во Истанбул оваа година, првата на 16 мај, а втората на 2 јуни, по повеќе од три години без директни разговори. Состаноците резултираа со значителна размена на затвореници, но не доведоа до поголеми чекори кон прекин на огнот.

За време на состанокот на 2 јуни, двете страни презентираа предлози за прекин на војната, но Путин подоцна ги опиша како „апсолутно контрадикторни“ меморандуми.

ИЗДВОЕНИ