вторник, јуни 23, 2026
Дома СВЕТ Рубио ќе ги убедува сојузниците од Персискиот Залив дека е добар договорот...

Рубио ќе ги убедува сојузниците од Персискиот Залив дека е добар договорот со Иран

18
epa12851251 US Secretary of State Marco Rubio (L) looks on as US President Donald J. Trump delivers remarks during a cabinet meeting in the Cabinet Room of the White House in Washington, DC, USA, 26 March 2026. EPA/WILL OLIVER / POOL

Американскиот државен секретар, Марко Рубио, неделава ќе има средби со лидерите од земјите од Персискиот Залив, во обид да ги увери дека неодамна постигнатиот мировен договор меѓу САД и Иран е добар.

Според медиумските извештаи, меѓу клучните точки на договорот се отсуството на ограничувања за иранската балистичка програма, предлогот за фонд за обнова вреден 300 милијарди долари, како и одредби што би можеле дополнително да го зголемат регионалното влијание на Техеран.

Одредени земји од Заливот, според аналитичарите, се изненадени и незадоволни од привремениот договор, стравувајќи дека тој може да доведе до нормализација на односите меѓу САД и Иран и со тоа да ја промени безбедносната рамнотежа во регионот. Дополнителна тежина на посетата на Рубио ѝ дава и фактот што во Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Катар, Кувајт и во Бахреин има американски воени бази, кои претставуваат клучен дел од американската безбедносна стратегија на Блискиот Исток.

 

ИЗДВОЕНИ