Државниот секретар на САД, Марко Рубио, денес за „Фокс њуз“ изјави дека воените капацитети на Иран се намалени и дека земјата е принудена да постигне договор со Вашингтон.
„Воените капацитети на Иран се намалени, а иранските претставници сега се подготвени, а во некои случаи се чини дека се желни, да постигнат договор за денуклеаризација“, рече Рубио.
Тој ја даде изјавата пред пораката на американскиот претседател Доналд Трамп на неговата социјална мрежа „Трут соушал“ (Truth Social) дека Вашингтон се согласил со Израел да ги суспендира планираните нови напади под услов брзо да се постигне договор.
Портпаролот на иранскиот Комитет за национална безбедност, пратеникот Хасан Гашгави, денес изјави дека се во тек дипломатски напори за оживување на меморандумот за разбирање склучен кон средината на јуни меѓу Вашингтон и Техеран, кој неодамна беше загрозен од продолжувањето на бомбардирањето.
Договорот потпишан во јуни за воспоставување траен прекин на огнот, кој е во сила од април, пропадна на почетокот на јули. Во срцето на спорот е Ормускиот теснец, стратешка рута за превоз на нафта над која Техеран сака да ја задржи контролата, пренесе „Бета“.












