Легендарната Ронда Роузи се врати во ММА на спектакуларен начин, победувајќи ја Џина Карано за само 17 секунди. Двете легенди беа главни ѕвезди на гала настанот МВП ММА во Лос Анџелес.

Роузи уште еднаш покажа зошто важи за една од најдоминантните боречки во историјата на женското ММА. Ова беше нејзин прв меч по речиси десет години пауза од октагонот.

Со победата, нејзиниот скор сега изнесува 12-2 во професионалната кариера. Од друга страна, Карано се врати по пауза уште од 2009 година. Таа остана запаметена по историската борба против Крис Сајборг, која беше пресвртница за женското ММА. Нивниот дуел тогаш отвори врата за подемот на женските боречки спортови ширум светот.

Иако се очекуваше израмнета пресметка, Роузи експресно ја заврши работата. Нејзиното враќање уште еднаш го крена интересот за женското ММА на глобално ниво.

ИЗДВОЕНИ