Рони О’Саливен доживеа нов тежок пораз во кариерата, откако седумкратниот светски шампион беше елиминиран од турнирот во Шенжен.
Легендарниот Британец загуби со 5–2 од 21-годишниот Кинез Џианг Џун, кој е рангиран на 64-тото место во светот. О’Саливен губеше со 0–2, но успеа да израмни на 2–2 и изгледаше дека целосно се враќа во мечот. Сепак, Џианг не се предаде, повторно поведе и ја искористи грешката на искусниот Англичанец во шестата партија. Во последната партија, Кинезот одигра фантастично и со серија од 108 поени стави точка на мечот.
За Џианг ова е убедливо најголемата победа во неговата кариера, додека О’Саливен продолжува да минува низ тежок период.











