Македонската филхармонија, вечерва (26 ноември), со почеток во 20 часот, ќе го одржи својот роденденски концерт, со кој ќе одбележи 82 години од формирањето. Концертот е насловен „Заратустра“, а како солистка ќе настапи британската трубачка Матилда Лојд.
Диригент е маестро Конрад ван Алфен, а на програмата се Концерт за труба и оркестар во Ас-дур од Александар Арутјуњан и тонската поема „Така зборуваше Заратустра“, оп. 30.
Во 2026 година, Матилда Лојд стана првата трубачка која ја добила наградата за млад уметник на Кралското филхармониско друштво. Признанието ѝ беше доделено за нејзината блескава музикалност, позитивната енергија што ја зрачи во сè што работи, како и за нејзината посветеност да ги инспирира младите да се занимаваат со музика. Матилда е добитничка на повеќе награди на меѓународни натпревари. Во 2026 таа беше одликувана со титулата Асосиет оф Ројал академи оф мјузик (ARAM), како признание за нејзиниот значаен придонес кон музичката професија. Денес Матилда живее и работи во Берлин и е Јамаха артист.












