Спортското риболовно друштво „Хантер фиш“ со голема загриженост реагира на пцовисувањето риби во горниот тек на реката Треска и бара итна реакција од надлежните институции. Поточно, бара веднаш да се земат примероци од водата и од умрената риба, да се направат лабораториски анализи за да се утврди причината, да се контролираат сите можни извори на загадување, надлежните институции да излезат со информации пред јавноста и да се преземат конкретни мерки за заштита на реката и на живиот свет.
– Водата е богатство на сите нас, а реката Треска е еден од најважните водни екосистеми во Кичево. Секое загадување, труење или друга интервенција што го загрозува животот во реката мора да биде детално испитана и да се утврдат причината и одговорноста. Не смееме да дозволиме да помине уште еден ваков случај без одговор. Реката Треска не е канал за отпад – таа е живот. Да ги заштитиме рибата, водата и природата за генерациите што доаѓаат – потенцираат од спортското риболовно друштво „Хантер фиш“.












