РИБЕРИ: „Бев навистина исплашен, за малку ќе…“

63
epa10258866 Salernitana's Franck Ribery greets spectators before the Italian Serie A soccer match between US Salernitana and Spezia Calcio at the Arechi stadium in Salerno, Italy, 22 October 2022. The 39-year-old Ribery on 21 October 2022 announced his retirement from professional soccer. EPA-EFE/MASSIMO PICA

Франк Рибери остави неизбришлива трага во светот на фудбалот играјќи за Баерн (М) и француската репрезентација. Тој е синоним за успех преку трња и и камења па се до ѕвездите бидејќи животот никогаш не го разгалил откако се родил.

Како бебе, Рибери бил оставен во сиропиталиште од неговите биолошки родители, но за негова среќа се појавило семејство кое го примило и му пружило љубов од самиот почеток.

На две години доживеал сообраќајна несреќа, стаклото од автомобилот му направило голема рана на лицето, која оставила трајни последици во вид на лузна.

„Оттогаш никој не ме погледна, ниту ме осудува врз основа на моите квалитети или затоа што сум добра личност“, изјави во една прилика Французинот и нагласи дека го викале Франкенштајн.

Рибери успеа да надмине се и да стане еден од најдобрите играчи во светот. Доминираше во дресот на Баерн (М), а во 2013 година му беше „украдена“ Златната топка.

И токму на крајот од кариерата, кога требаше да ужива во фудбалот, му се случи вистински пекол. За прв пат во животот призна дека чувствува страв. Тоа беше додека играше за Салернитана.

Проблемите со коленото станале толку сериозни што во еден момент помислил дека ќе му ја ампутираат ногата, што за среќа не се случило.

„Коленото ме болеше се повеќе и повеќе. Не тренирав повеќе меѓу натпреварите, се опоравував за да се заштитам. Би земал два дена одмор, потоа три или четири“.

“Го изгубив ритамот за да се спасам. Потоа тестовите покажаа дека немам рскавица. Имав операција во Австрија. Операцијата помина добро, внатре беше поставена плоча”.

„Речиси пет месеци подоцна имав сериозна инфекција. Два месеци бев на апчиња. Плочата беше отстранета. Инфекцијата ме јадеше. Беше толку лошо што имав дупки на ногата“.

“Добив Staphylococcus aureus. Дванаесет дена бев во болница во Австрија. Бев навистина исплашен, за малку ќе ми ја отсечеа ногата”, се сеќава Рибери.

Французинот веќе е во пензија од есента 2022 година, а неодамна играше на ветерански турнир како член на Баерн (М).

ИЗДВОЕНИ