четврток, јуни 4, 2026
Дома СПОРТ На една од најмалите точки во Европа се гради необичен стадион

На една од најмалите точки во Европа се гради необичен стадион

96

На самиот југ од Европа, на островот Малта, во тек е изградбата на националниот стадион според стандардите на УЕФА. Стадионот ќе се вика „Малта премиер стадион“, а работите треба да бидат завршени до 2030 година. Имено, ќе има две трибини од страните со капацитет од околу 2.500 седишта, па капацитетот на стадионот во тој дел ќе биде околу 5.000. Интересно е што зад голот ќе има стаклени ВИП-ложи и прес-ложа, како и специјални трибини со најскапи билети, како дел од кафулето што ќе биде внатре, во трибините. Овој дел треба да има капацитет од околу 500 седишта. Зад едниот гол нема да има трибини, па официјалниот капацитет на стадионот треба да биде околу 5.500 седишта.

Стадионот ќе ги исполнува сите стандарди на УЕФА за меѓународни натпревари, а на Малта веруваат дека е сосема доволно тоа за потребите на нивната репрезентација.

Сегашниот национален стадион „Та’ Кали“ во Валета има 17.000 седишта и неговото реновирање не е исплатливо.

Во просек, околу 4.000 гледачи ги гледаат натпреварите на националниот тим, па стадионот во Валета е како театар.

Сега на Малта одлучија да изградат помал, помодерен стадион за националниот тим, а тој ќе биде и дом на локалниот прволигаш Флоријана.

Средбата веќе е одржана и изградбата на стадионот ќе започне оваа година и тоа ќе биде првиот модерен стадион изграден на Малта.

ФК Флоријана го поздравува објавувањето на новиот проект за стадионот „Малта премиер“, како важен чекор напред за малтешкиот фудбал.

– Како клуб, целосно ги поддржуваме иницијативите што придонесуваат за развој, професионализам и долгорочна одржливост на играта.

Сакаме да им се заблагодариме на министерствата и на владините институции вклучени во проектот, како и на претседателот на малтешката Премиер лига, д-р Џозеф Мускат, и на извршниот директор, Алан Абела, кои одиграа клучна улога во реализацијата на овој проект.

Овој проект претставува значајна инвестиција во иднината на малтешкиот фудбал – изјави Флоријана во соопштението.

Малтежаните ќе изградат стадион според своите потреби, кој иако ќе има мал капацитет, ќе биде еден од поубавите и помодерни на Стариот Континент.

ИЗДВОЕНИ